Со парични казни ќе бидат казнети основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и директорката Олгица Стојанова поради ифтарска вечера што беше организирана минатата недела во училишниот хол.
Училиштето доби казна од 1.600 евра, а директорката како раководно лице треба да плати 1.120 евра казна, „пресуди“ Државниот просветен инспекторат.
Од Инспекторатот најавуваат дека до општинските власти ќе поднесат барање за разрешување на раководното лице, бидејки дозволило верско организирање во училиште, што е спротивно на Законот.
Во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, свештеното лице на микрофон повторуваше „Алаху акбар“ за време на верски обред.
Ваквиот верски обред се случуваше пред почетокот на вечерата за ифтар, и тоа во училишната менза.
Верскиот обред во образовна институција ги изненади радовишани, кои побараа одговорност од надлежните.