За 500 дена Заев загубил а Мицкоски стекнал десетина % екстра рејтинг

Според најновата анкета на Институтот за политички истражувања направена за емисијата Детектор на Сител во последниве 16 месеци дошло до тектонски поместувања во рејтинзите на лидерите на најголемите македонски партии.

Во мај 2018 година според анкетата на МЦМС и М-Проспект Заев имаше 24,1 % личен рејтинг а сега има 14,5 проценти што е намалување за 9,6 проценти или довербата во него ја загубиле речиси 40 % од луѓето што му верувале.

Сега 16 месеци подоцна рејтингот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е 12,1. Во Мај 2018 тој имал само 2,9 проценти личен рејтинг.

Во превод ако на Мицкоски тогаш му верувале само педесетина илјади луѓе (1 % = 18 илјади гласови) сега целосна доверба во него имаат 4 пати повеќе граѓани.

Ако се анализираат трендовите во анкетите од последниве 20 месеци кај двајцата лидери но и кај партиите што ги водат, за 3 до 5 месеци доколку нема промена во генералната политичка ситуација Мицкоски ќе биде популарен од Заев а ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 5 % предност пред СДСМ.

Порастот на предноста на опозицијата е очекуван поради поголемиот број на луѓе кои што ќе се анимираат за изразување на своето мислење како што ќе наближуваат изборите.

Само кај Македонците Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се со далеку поголема доверба од таа што ја имаат Заев и СДСМ.