За 50.000 евра Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка

Лепа Брена пеела на геј свадба во Палма де Мајорка, која младенците ги чинела дури 50.000 евра.

Пејачката дошла на забавата на покана на белграѓанец, кој со години гради кариера во светската модна индустрија, а со партнерот е во врска 10 години. Како што дознава српски „Курир“, за овој ангажман добила 30.000 евра, но младенците потрошиле уште 20.000.

Штотуку венчаниот пар и обезбедил кралски третман – на аеродромот „Никола Тесла“ во Сурчин, од каде што полетала, ја чекал приватен авион, а на островот била шест дена, во луксузен хотел каде ноќевање надвор од сезона чини 500 евра. Младенците не штеделе пари, бидејќи стилистот од Србија е жесток обожавател на пејачката уште од детството. Според извор запознаен со деталите од оваа свадба, тој сакал Брена да пее на неговата свадба и сега му се остварило. За веселбата на парот се уште се зборува, а атмосферата да биде комплетна придонела и Лепа Брена.