Над четири петини од Македонците мислат дека правдата во Македонија е неправда. Кај Албанците оваа бројка е значително помала.

Емисијата „Детектор“ на Сител објавува анкета според која етничките Албанци имаат повеќе доверба во судството во однос на Македонците, иако мнозинството и во двете етнички заедници е на ставот дека во Македонија законот не важи еднакво за сите.

Во анкетата на „Детектор“ дури 82 проценти Македонци сметаат дека правдата се дели селективно додека кај Албанците ваков став делат 51 отсто од анкетираните.

Во емисијата се анализираат повеќе прашања:

Има ли неселективна правда во Македонија?
Дали законот важи подеднакво за сите?
Зошто Македонците и Албанците имаат различни ставови?

Целата емисија на овој линк

https://fb.watch/iOam5kQ-nU/