За 24 часа МВР изрече 203 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територија на целата држава биле регистрирани 203 прекршоци за неносење маска.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.