За 10 години Бугарија се „намалила“ за близу 850.000 луѓе

Во Бугарија живеат 6.518.789 луѓе, покажуваат конечните податоци од пописотспроведен во периодот 7 септември – 10 октомври 2021 година.

Од нив, 3.383.527 жени и 3.136.262 мажи или 927 мажи на секои 1.000 жени.

Во периодот помеѓу последните два пописи, населението во земјата се намалило за 844.781 лице или за 11,5%. резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на намалување годишно се зголемила од 0,7 во периодот 2001-2011 година на 1,2 во периодот 2011-2021 година.

Намалувањето на населението како резултат на негативниот природен прираст изнесува минус 501 илјади или 59,3% од вкупното намалување.

Останатите 40,7% од намалувањето се должи на надворешната миграција или бројот на лица кои ја напуштиле државата во периодот 2011-2021 година изнесува 344.000 лица.