Професорот по меѓународна политика на колеџот Бард, Валтер Расел Мед, во текст објавен во американскиот весник Wall Street Journal пренесува сериозна загриженост на Берлин за состојбите во Западниот Балкан каде што Турција и Русија подготвуваат нова криза.
Мед кој е уредник во магазинот „Американ интерес“ и соработник во Институтот Хадсн го пренесува анализите на Германија која смета дека во најлошо можно сценарио, Русија и Турција би ги охрабриле своите инсталации на Балканот, Србија и Албанија да им помогнат да ги прецртаат границите во регионот.
Според истото сценарио српската влада, со руската поддршка би присвоила голем дел од Босна кој е населен со етнички Срби. Турската поддршка би помогнала Албанија да изведе сличен маневар, не само во претежно албанскотот Косово, туку и во Македонија, каде што голем дел од албанското малцинство би сакало да се присоедини со својата мајковина, пишува Мед.
„Овој след на настаните е неверојатен. Некои од териториите за кои се залагаат борците за Голема Албанија се во Србија, ќе биде тешко за овие две земји да се договорат за нова мапа. Но ова не е невозможен исход, иако идејата повеќе би му прилегала на некој негативец од филмовите со Џејмс Бонд, отколку на некој министер за надворешни работи. Бројот на негативци кои наликуваат на оние од филмовите со Џејмс Бонд, секојдневно никнуваат во политиката денес.
Она што ги зближи Турција и Русија е нивниот заеднички антагонизам со Германија и Европската Унија. Русите не само што го мразат НАТО, туку ја гледаат Европската Унија како пречка против историски моќната улога на Русија во европските односи. Турција исто така се сврте против ЕУ и бара лост против Германија и другите земји членки. За Русија и Турција, шансата да предизвикаат проблем во Европа, со релативно мал ризик е предобра за да ја пропуштат.
Европската перспектива на земјите како Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и Босна, допринесе многу за одржување на кревкиот мир на западен Балкан. Секоја балканска земја повеќе би сакала да е дел од ЕУ, отколку да биде во сојуз со Русија или Турција.
Србите и Албанците самите сигнализираат дека доколку Западот си замине со своето влијание, тие ќе мора да се свртат кон истокот и тоа би значело вртење кон националистичка агенда со руската и турска помош.
За ЕУ, нова рунда на балкански хаос би значело катастрофа: бегалци, криминал, радикализација меѓу балканските муслимани, поголеми можности на непријателските сили да добијат влијание на сметка на ЕУ. Но, ЕУ смета дека нема да може сама да го изменаџира Балканот. Соединетите Американски Држави ќе мора да бидат дел од решението, велат Гермаците.
Дали С.А.Д. ќе ја игра играта? Вклучување во сплетките на далечниот Балкан, за да го олесни животот на Германија, не е точно она што Доналд Трамп го има замислено како идеја за паметна надворешна политика. Дури и претседател како Бил Клинтон, се држеше настрана две години од пост југословенските војни. Господинот Трамп, веројатно ќе биде уште поскептичен за интервенција и ќе ја третира можноста за нови војни на Балканот, со доза на лежерност, каква што покажа Барак Обама за Сирија. Ова би била смртна грешка, пишува професорот Мед во текстот објавен од угледниот американски весник.