Во традиционалната анкета на Ворлд оф Волеј е избран идеалниот тим на сезоната во Светската клупска одбојка. Во него, според навивачите се вклучен играчи од шест нации, а најбројни се одбојкарите на италијанскиот првак Лубе Цевитанова.
Ги предводи Кубанецот со Италијански пасош Османи Хуанторена, а покрај него во своевидниот тим на штотуку завршената кампања во сите клупски натпреварувања се и: Бугаринот Цветан Соколов, Американецот Мика Кристенсен, Србите Марко Подрашчанин и Сречко Лисинац, Полјакот со кубанско потекло Вилфредо Леон и Французинот Жени Гребеников.