Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно, јави дописникот на МИА од Белград.

„Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани на помошта на Владата на с. Македонија со цел да го скротат пожарот кај нив. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани таму.


Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија“, кажа Вулин.

Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, (кој се граничи со Македонија) и изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.

„Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина. Се разбира, има и субјективна и објективна причина“, изјави Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува.