Вулин: Србија нема да биде паркинг за мигранти

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин на средбата со својот бугарски колега Бојко Рашков на бугарско-српската граница, оцени дека двете земји се загрижени поради мигрантскиот притисок.

„Ние сме земја во која мигрантите влегуваат од европски земји и сакаат повторно да заминат во европските земји“, рече Вулин.

„Србија не е и нема да биде паркинг за мигрантите. Мислам дека не треба да ги чуваме за да можеме еден ден да одлучиме каде треба да одат”, категоричен беше Вулин, уверувајќи дека двете земји нема да дозволат промена на начинот на живот во Србија и Бугарија.

Никој нема да се грижи за нашите земји освен за нас самите, нагласи српскиот министер за внатрешни работи.