Вулин: Македонија и Црна Гора уплашени од „Голема Албанија“

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин оцени дека „играњето“ со војската на Косово создава сериозни безбедносни проблеми во регионот, истакнувајќи дека Македонија и Црна Гора се уплашени од формирањето на „Голема Албанија“.

Според него, на таа идеја најмногу се противат двете поранешни југословенски републики, „кои го признаа Косово и ја обвинија Србија дека ги предизцикала сите војни и судири, а денес се уплашени од можноста ‘Голема Албанија’ да почне да се создава на нивните територии“.