Вулин: Кога други одлучуваат, на Балканот се војува

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин изнесе тврди дека секогаш кога балканските држави сами одлучувале, тие живееле во мир, а дека кога одлучувале другите имало војни, јави БЕТА.

„Кога тие одлучуваа за нас, војувавме за туѓи интереси и крвариме поради конфликтите и несогласувањето на големите сили кои можеа тука да земат вода, воздух и земја, и тие не се грижеа за нас кои живееме тука. Така беше, така е и денес“, изјави Вулин пренесе N1.