Српскиот министер за одбрана Александар Вулин смета дека Голема Албанија веќе е создадена.
„Голема Албанија веќе е факт. Прашањето е колку делови од други држави ќе бидат вклучени. Во моментот во кој Северна Македонија ќе влезе во НАТО, сите Албанци, со исклучок на тие во српските општини, ќе живеат во политичкиот простор на НАТО. Реално, животот на сите Албанци се управува од Тирана“, го цитира Вулин косовската телевизија РТК.
Истовремено, српскиот претседател Александар Вучиќ повика за зачузување на постојните граници меѓу државите на Балканот.
„Ние веруваме дека е важно да се уважува територијалната целост на Србија, а земјата да ја уважува територијалната целост на сите останати. Тоа беше така и се надевам дека ќе остане така. Мислам дека никој не треба да ја нарушува територијалната целост на другиот. Ние не се жалиме на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Северна Македонија“, изјави Вучиќ, цитиран од руската агенција ТАСС.