Вулин: „Ако ЕУ не ја сака Србија, има кој ја сака“

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, рече дека ако ЕУ не ја сака Србија, има кој ја сака и дека има други сојузи и други земји кои сакаат да соработуваат.

„ ЕУ е стратешка ориентација на Србија, но не по цена да молиме. Ако не н’е сакаат, постојат и други сојузи и други народи, кои сакаат да соработуваат со нас, на еднаква основа. Тоа не мора да значи дека ќе влеземе во некој вид сојуз, бидејќи не постои ништо толку организирано како ЕУ, но мораме да се држиме до себе“, изјавил Вулин за ТВ Пинк.


Тој потсети дека лидерите на ЕУ можеби се чувствуваат уморни од проширувањето и дека е време да се каже јасно дали ЕУ има интерес Србија да биде членка на европското семејство.

„Тие велат – Ние сме уморни од проширување…

И ние сме уморни од вас, уморни сме од вашата политика која постојано ги менува целите и постојано поставува нови услови”, рече Вулин.

За односите со Косово, српскиотминистер за одбрана рекол дека неговиот личен став е дека демаркацијата е најдоброто решение за косовското прашање.

„ Кога бевме заедно со нив, имаше конфликт, катастрофи, војни“, рече Вулин.

Тој истакна дека Србија е фактор на мирот и стабилноста во регионот, и дека најголемата закана за мирот е концептот на Голема Албанија, кои, сепак, се молчи, дури и оние земји кои се директно засегнати, како што се Црна Гора и Северна Македонија.