Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Веселин Вујовиќ, во интервју за српскиот весник „Спортски журнал“ се произнесе за нејзините шанси на Светското првенство во Полска и Шведска, на кое „црвено-жолтите“ ќе стартуваат утревечер против Норвешка во Краков.

„Македонија направи смена на генерациите. Можеби нема да направи сериозен резултат, но на сите ќе им биде тежок противник. Играат модерен ракомет, но на тие деца им е потребно време. Сигурен сум дека македонската јавност го знае тоа и оти ќе имаат поддршка“, изјави црногорскиот тренер што во јуни 2007 година ја водеше Македонија против Словенија во баражот за Европското првенство, во три наврата беше тренер на Вардар, а на тековниот мундијал од клупата го предводи Иран.