Фото Хепи ТВ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ со свој коментар на војната која што се случува меѓу кабелската компанија СББ која е под контрола на опозицијата и компанијата Коперникус која е сопственик на двете најгледани српски телевизии Прва Српска Телевизија и Б92.
Кабелскиот оператор СББ под контрола на опозицијата најави дека ја прекинува соработката со Прва и Б92 кои веќе нема да бидат пренесувани на мрежата која покрива 45 % од српскиот пазар.
На прашањето дали е можно корисниците на ТВ Прва и Б92 од 28 октомври да не можат да ги гледаат телевизиите Прва и Б92, Вучиќ во интервју за Прва Српска ТВ рече дека тоа е скандалозна одлука и дека разбира зошто тие тоа го прават.
Вучиќ смета дека СББ со овој чекор ќе доживее неуспех затоа што многу корисници на овој кабелски сервис ќе го напуштат ако немаат можност да ги гледаат најгледаните српски телевизии Прва и Б92.
,,Тоа го прават пред се за да се ослободат од Прва и Б92. Мислам дека и Хепи ќе биде исфрлен. Не знам кој ќе остане на нивниот кабелски канал. Ова беше направено за насилно подигнување на Nova S и N1. Сите што им помагаат во ова нека им помогнат, не е спорно. Некој работи на растот на тие канали, а не на растот на самата кабелска мрежа која ќе доживее голем пад, тоа е без сомнение”, рече Вучиќ.
Телевизиите Нова С и Н1 се критички настроени кон власта на Вучиќ.