Коментирајќи ги информациите за подготовка на атентат врз него, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека оперативните информации биле проследени од една земја од ЕУ.

„Тие дадоа детали и им благодарам за тоа. Мислам дека тоа не е од посебно значење за јавноста“, рече Вучиќ и додаде дека тоа е работа за државните органи.

Тој рече и дека очигледно има информации, наводно се вмешани луѓе од повеќе земји.

„Во тоа писмо видов седум имиња.

Надлежните органи ќе ги преземат сите мерки за да го спречат тоа. Таа земја од ЕУ беше многу коректна, многу фер. Нашите луѓе работат, имаат распишано потерници за одредени луѓе затоа што пишувале кој кому да го прати оружјето, кој да го земе и слично“, рече Вучиќ според кој „дестабилизацијата на Србија би била во интерес на многумина“ и дека Србија продолжува да се бори против криминалната група.

„Тие не можат да работат ако немаат поддршка од политичките и државните структури. Станува збор за милијарди евра. Никогаш не сум видел ниту слушнал некој од овие луѓе да се спомене, така што тоа не е лична работа“, рече тој. додаде дека „дестабилизацијата на Србија е секако една од причините“..