Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе остане без струја и без гас доколку се уништи гасоводот „Турски тек“.

Вучиќ најави и дека ќе побара од БИА и од полицијата да го заштитат гасоводот во Србија од можни диверзии.

„Никој во медиумите не забележа, а пишува дека Владимир Путин денеска изјавил дека некој се обидел да го уништи Турски тек и да спречи понатамошен проток на гас.

Да се ​​случеше тоа, не знам што ќе правевме, тоа ќе значеше дека немаше да имаме струја, бидејќи немаше да работат гасните централи, ТЕТО Нови Сад, Зрењанин и ТЕТО Панчево.
Тоа би значело дека нема гас, нема ништо, без оглед на нашите резерви, кои се најголеми во историјата“, изјави Вучиќ на новинарите по средбата со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Тој рече дека ќе побара дополнителни информации од руска страна за обидот за уништување на Турски тек и дека ќе побара дополнително да се заштити нашиот гасовод по целата должина.