Вучиќ: Проектот „Голема Албанија“ продолжува, Курти нема да запре…

Српскиот претседател денеска за РТС изјави дека проектот за „Голема Албанија“ ќе продолжи, додека Западот молќи.

„Политиката за создавање голема Албанија е процес кој ќе продолжи. Курти нема да застане тука, дури и да му се спротивставите.


Кој мисли дека во Брисел ќе го убедат дека нема да биде следбеник на Енвер Хоџа…. Тој ќе продолжи со оваа политика“, рече Вучиќ.

Зошто Западот молчи? Не ги интересира приказната за голема Албанија, тоа им е ок, истакна Вучиќ.

„Тоа е лошо за нив, но тие лоши момци се нашите момци. Овие другите треба да ги газиме додека не прифатат независно Косово и да водиме кампања против Србија“ , го парафразира Вучиќ односот на Западот кон ова прашање.

Вучиќ вели дека сакаат да ја натераат Србија да ја промени политиката и да воведе санкции против Русија, како и дека очекува најголем притисок во тој правец.