Претседателот на Србија вели дека Европа бара од Србија да го признае Косово, но Белград нема да се согласи на тоа.
„Не знам зошто се крие. Тоа што ЕП бара од нас да го признаеме Косово е многу потешко од санкциите против Русија.
Препораките на Европскиот парламент велат дека мора да ја признаеме независноста на Косово, но тие тоа го криеја. Од нас бараат заемно признавање“ – рече Вучиќ кој денеска ја информираше јавноста за договорот околу регистарските таблички постигнат синоќа во Брисел.
„Дури и да воведеме санкции кон Русија, тие би рекле дека е убаво што сме го направиле тоа, но утре ќе излезеа со нова резолуција. Јас сум доволно искусен, јас сум политички ветеран.
Синоќа разговарав со Брисел 50 пати. Не бев особено вознемирен од нивните препораки. Ние не сме заинтересирани за заемно признавање со Приштина“, рече Вучиќ.
„Ние велиме дека не го сакаме Косово во ОН и што потоа – ќе нѐ бомбардирате, ќе ни се заканувате со санкции, што?“, праша Вучиќ на прес-конференција во Белград.
