Вучиќ: Ние и Албанците ќе бидеме најголемите нации на Балканот…

„Подготвени сме да го продолжиме дијалогот (со Косово) и јас ќе пристапам конструктивно. Србија сака компромисно решение. Не сакаме да одбиеме да постигнеме компромис и решение, веруваме дека решението не е замрзнат конфликт. Треба да градиме мир со Албанците во следните 100 години “, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ кој денеска имаше средба со шефот на германската дипломатија, Хајко Мас.

„Ние и Албанците ќе бидеме најголемите нации на Балканот во следните 100 години“, реќе Вучиќ, повторувајќи дека суштината на српската политика е мирот.

Тој исто така додаде дека Србија ќе инсистира на исполнување на потпишаните обврски, како и дека е подготвена да разговара.

„Рековме дека нема да зборуваме за војна, туку за соработка и мир. Нашата цел е силна и економски силна и успешна Србија“.

Со германскиот министер разговарале и за интеграција во ЕУ и по тој повод особено ѝ се заблагодарил на Мас за поддршката што Германија, предводена од канцеларката Ангела Меркел, ја дава на Србија.