Вучиќ не знае дали ќе бара уште еден мандат

Претседателот на Србија изјави дека сè уште не знае дали ќе учествува на претседателските избори следната година.

„Не сум сигурен, ќе донесеме одлука. Лично, ќе се борам да имаме следбеник на оваа политика. Јас не сум дар од Бога. Кој знае што ќе прават криминалците. Јас нема да и наштетам на партијата што ја водам или на никого друго. Ќе видиме што ќе покажат анкетите“.

Според сегашните истражувања, вели тој, неговата партија СНС ќе освои апсолутно мнозинство во цела Србија.