Српскиот претседател Александар Вучиќ не е сигурен дека Србија на крајот ќе мора да воведе санкции кон Русија
„Сите велеа дека Вучиќ ќе воведе санкции по изборите. Скоро една година се спротивставивме на притисокот. Сè уште не сум сигурен дека ќе воведеме санкции. Дали бевме среќни кога ни беа воведени санкции?
Не!
Дали треба да се уништат спомениците на Чајковски Достоевски и Толстој?” – праша српскиот лидер во гостување на ТВ Хепи.
По почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Вучиќ во обраќањето до нацијата по состанокот на Советот за безбедност изјави дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведува санкции против Руската Федерација.
