Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Крим и Донбас „секогаш ќе бидат украински“.
Тој не се согласува со територијалните претензии на Владимир Путин во Украина и предвидува „најлошото допрва доаѓа“ , објави „Блумберг“.
Според него, Србија од самиот почеток изјавила дека не може да ја поддржи специјалната воена операција на Руската Федерација на украинска територија.
„За нас Крим е Украина, Донбас е Украина и така ќе остане“, рече Вучиќ.
Тој рече дека најлошото од овој конфликт допрва доаѓа и истакна дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин „повеќе месеци“.
Вучиќ додаде дека неговата влада не секогаш се согласува со надворешната политика на Москва.
Вучиќ претходно изјави дека Србија не може да го признае Крим како руски, бидејќи тогаш Белград ќе мора да му даде независност на Косово, кое има големо српско малцинство.
