Вучиќ: НАТО да го вразуми Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека побарал од НАТО да ја спроведе својата улога и „да ја преземе контролата и да ги заштити Србите“, во Косово

„Тоа беше важен состанок, можевме да ги презентираме фактите и да побараме поголема безбедност за нашиот народ на Косово и Метохија“, додаде тој.

Како што рече, ќе се види дали ќе има некаков напредок.

„Според резолуцијата 1244, ОВК или што и да е слично на неа или што претставува континуитет во однос на ОВК не може да постои на Косово и Метохија“, рече Вучиќ и го потсети Курти дека „полицијата е продолжение на ОВК“, пренесе Б92.

Вучиќ укажа на фактот дека Приштина се вооружува.

„Што очекувате од нас како реакција? Дали мислите дека во војската на Србија и во раководството на Србија нема луѓе кои знаат какви опасности демнат? Знаеме кои се опасностите затоа што некој се однесува незаконски и неодговорно. Ние сме целосно подготвени за сите изненадувања и граѓаните на Србија не треба да се грижат“, рече тој.

НАТО може да го вразуми Курти, ќе видиме дали ќе сака“, рече Вучиќ.