Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата во Прохор Пчињски, заедно со претседателот Стево Пендаровски, отиде во Врање, за што објави три пораки на својот Инстаграм профил.
Претседателот Вучиќ со Пендаровски ја посетија винаријата „Алексиќ“ и посочи дека меѓу Србија и Македонија нема отворени прашања, освен едно: „чие вино е подобро“.
-Немаме отворени прашања со Северна Македонија, се додека не се разговара за тоа чие вино е подобро. Го донесов нашиот гостин @stevopendarovski во @aleksic_vina со надеж дека еднаш засекогаш ќе го затвориме и ова прашање!, објавено е на Инстаграм страницата будуќностсрбијеав.