По коментарите во јавноста дека носи прескап часовник, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека часовникот е вреден околу илјада евра и дека го добил на подарок, кој уредно го пријавил.

„Тоа е подарок од мојот пријател, чешкиот претседател Милош Земан. Не се работи за никаков швајцарски часовник“, рече Вучиќ според кој часовникот е изработен од „чешка компанија“, јавува „Данас“.


Нивните часовници се од 500 до 3.000 евра, а овој часовник е проценет овде, бидејќи уредно го регистрирав уште во 2019 година, некаде околу илјада евра“, рече тој.

Тој рече дека според законот ќе го откупи тој часовник и ќе го подари на „првото српско дете кое ќе се роди на Косово и Метохија во 2024 година“, без разлика дали е машко или женско.