Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе биде уапсен доколку се обиде да иди Косово без дозвола од Приштина, пренесува б92.
Изјавата доаѓа по најавата на српскиот претседател дека наскоро ќе ја посети Грачаница.
„За дозвола кај премиерот (Курти н.з.), без дозвола кај мене“, рече Свечља.
На прашањето дали тоа значи дека ќе го уапсат Вучиќ доколку оди во Косово, Свечља изјави дека „секој што ќе влезе на територијата на Косово без дозвола ќе биде уапсен, вклучително и претседателот на Србија“.
„Доколку испрати барање, одлуката ќе биде на премиерот дали ќе му даде дозвола на Вучиќ или не.
А, без дозвола се знае кои институции се занимаваат со тоа. Како мислите дека некој, странски државјанин може да влезе во Република Косово без дозвола на косовските институции?“, праша Свечља.
Ако се случи спротивното, Свечља рече дека тоа ќе го докаже „непостоењето на Косово како држава“.
„Немате држава ако шефот на друга држава влезе на ваша територија без дозвола“, рече Свечља и додаде дека не верува оти „Вучиќ е толку луд што доаѓа на Косово без дозвола“.
