Српскиот претседател ја обвини Австралија за „малтретирање“ на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, кому му беше забранет влез во земјата откако пристигна во Мелбурн со медицинско ослободување од правилата за вакцинација против коронавирус.
Ѓоковиќ доби контроверзно ослободување да влезе во Австралија и да се натпреварува на Австралија опен -, пишува британски “Гардијан“ – но властите го задржаа на аеродромот во Мелбурн неколку часа пред да му биде откажана визата.
Австралиските гранични власти соопштија дека тој не успеал да обезбеди соодветни докази за да го поддржи неговото изземање, а играчот сега го однесе својот случај на суд.
Вучиќ изјави дека цела Србија му дава поддршка на светскиот рекет број 1.
Му реков на нашиот Новак дека цела Србија е со него и дека се прави се вознемирувањето на најдобриот тенисер на светот веднаш веднаш да запре, изјави Вуќиќ
Српските медиуми објавија дека Вучиќ го повикал австралискиот амбасадор во Белград и побарал веднаш да го ослободат Ѓоковиќ да се натпреварува.
Австралискиот премиер, Скот Морисон, ги отфрли наводите за вознемирување::
„Австралија има суверени граници и јасни правила кои не се дискриминаторски како што прават многу земји… тоа има врска со правичната и разумна примена на австралиската заштита на границите закони… се што можам да кажам е дека доказите за медицинско ослободување што беше обезбедено се покажаа како недоволни“.
