Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Белата куќа ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.

Американскиот претседател ќе присуствува на церемонија на потпишување документ меѓу Србија и Косово, објави Белата куќа, а пренесува „Гласот на Америка“.

По средбата во Белата куќа, и Вучиќ и Хоти поединечно ќе се состанат со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Стејт департментот.

Во соопштението на Белата куќа, објавено доцна во четвртокот, не било прецизирано што ќе биде потпишано, дали станува збор за договор и што точно ќе содржи истиот.

Дописникот од Вашингтон на косовската ТВ Клан јаави дека ќе биде потпишан економски договор меѓу Белград и Приштина, без спорната точка 10 во која имало реченица реченица со која Србија ја признава независноста на Косово.

Вучиќ синоќа од Вашингтон им се одбрати на граѓаните и порача дека одбил да го прифати спорниот документ.