Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги испрати во продавницата министерот за финансии Синиша Маи и Томислав Момировиќ, министер за трговија.
Купиле паризер, мајонез и јогурт, леб и појадуваа со Вучиќ, а видеото од појадокот претседателот го објави на Инстаграм.
„Купија два литра јогурт, половина килограм паризер, два леба, и две кесички мајонез. Вкупно 585 динари“ (околу 300 денари), рече Вучиќ.
Вучиќ минатата недела во видео-обраќање до јавноста од корпа вадеше разни артикли и побара да им се намалат цените.
Денеска се пофали со новите цени и констатираше дека е поевтино од порано.
„Следната недела поевтинуваат уште десет значајни производи. Среќен што можеме да им помогнеме на нашите граѓани“, вели Вучиќ.