Вучиќ: Хрватска ќе увезува руска нафта, а нас ни забрани

Хрватска се иззема од спроведување санкции за руска нафта, бидејќи имаат посебни потреби за набавка на некаква специјална нафта што доаѓа од Русија за нивната рафинерија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ: Не е Хрватска виновна, го прави истото од ’41-ва

„Тие си дадоа право да им помагаат на Русите и да плаќаат производи, но си даваат и право да не и ја дадат таа можност на Србија. Можете да направите сè кога припаѓате на тој клуб, а ние не… Кажете дека тоа има некаква врска со принципите и моралот“, нагласи тој.

На прашањето каков период ја очекува Србија бидејќи рече дека доаѓаат тешки времиња, Вучиќ рече дека тоа е вистина, но дека никој нема да не бомбардира.

Вучиќ појасни дека кога рекол дека претстои потежок период од деведесеттите, не мислел дека некој ќе ја нападне Србјаа, туку дека ќе биде потешко во однос на светската ситуација. „Мислам дека никој нема да не бомбардира, да не нападне“.

Вучиќ истакна дека Европската комисија веќе донела одлука земјите од Западен Балкан, а со тоа и Србија, да бидат изземени од санкциите кон Русија.

„ема што да се лути на Урсула фон дер Лајен и на Европската комисија. Но, тогаш, на предлог на Хрватска и уште две членки, тие сфатија дека немаат консензус за тоа прашање, па го отстранија. Никој треба да се прави невеѓтук…“, нагласи тој.