Вучиќ до Морисон: Зошто го малтретирате Ѓоковиќ?

Ако сакавте да му забраните на Ѓоковиќ да го освои трофејот по 10-ти пат, зошто не го вративте веднаш, зошто не му кажавте дека е невозможно да добие виза? Зошто го малтретирате?“ му порача претседателот на Србија Александар Вучиќ, на австралискиот премиер Скот Морисон.

Вучиќ преку видео-порака на Инстаграм му даде поддршка на српскиот тенисер и реагираше на одлуката на Мирисон кој ја поздрави одлуката на министерот за имиграција за укинување на визата за Ѓоковиќ.

„Неретко ни држат лекции за тоа што е владеење на правото. Можете да замислите како би изгледало кога некој министер во Србија би можел да ги поништи одлуките на судиите, односно важечките судски органи“,вели Вучиќ, додавајќи дека „можеби ни покажаа како донекаде изгледа независно судство, но пред се’ како изгледа небитно судство бидејќи целата власт е во рацете на извршната власт“.

„Се појави претседател од мала земја кој може да му го каже тоа на голем премиер од голема земја. Знаете зошто можам, затоа што ја кажувам вистината и затоа што знаете дека ви ја кажувам вистината“, рече Вучиќ.