Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше изјавата на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел, кој порача дека Србија нема да добие членство во ЕУ сè додека не го признае Косово.

Вучиќ вели дека негова задача е да ја чува Србија и затоа ќе се воздри и нема да каже некој грд збор за Енгел и за Медлин Олбрајт.

„Ако го потпишам актот за независност на Косово, гарантирам дека ќе ја добијам Нобеловата награда за мир“, рече тој.