Индија го забрани извозот на пченица и таа одлука на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи.
Вториот најголем производител на пченица дозволува Испораки на пченица само во случаи кога продажбата била одобрена порано, додаде владата, објави Ројтерс.
Клиенти од целиот свет се обратија кон Индија за откуп на пченица, откако беше прекинат извозот на пченица од Украина по рускиот напад на таа земја.
