Втора парада на гордоста во Скопје

Под слоганот „Вон ѕидовите“ денеска ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје.

Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која го организира настанот, велат дека парадата е наменета за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се надеваме и на вашето присуство на овој настан, со оглед на значајната улога на медиумите во борбата за унапредување на човековите права и прифаќањето на различностите во општеството“, велат организаторите на настанот..

Парадата ќе почне во паркот ,,Жена-борец’’, а крајна дестинација е „Школка“ во Градскиот парк.