Топлана Скопје ќе се продава на стартот на наредната недела преку берза. Со оглед што таа е во сопственост на АД во стечај – „Топлификација“, продажбата ќе оди на барање на една од членките на Берзата, Комерцијална банка. Продажбата ќе оди по пат на јавна берзанска аукција, а ќе се реализира според моделот „се или ништо“, Информацијата ја објави Македонска берза.
„Ве известуваме дека на 25.09.2023 година на барање на членката Комерцијална Банка, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции, од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понуди за продажба пакет од 77.414 обични акции издадени од Скопје Север АД Скопје што претставува 99,98 отсто од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 482 денари по акција преку моделот “се или ништо“, се вели во објавата од Берзата за понеделничката претстојна берзанска аукција.
Ова значи дека за целата Топлана Север практично ќе се бараат 31,3 милиони денари, или 607 илјади евра. А, тие пари што ќе се остварат од продажбата, веројатно ќе влезат во стечајната маса на Топлификација, а потоа оттаму ќе се распределуваат на доверителите на таа компанија.
Ова е втор обид да се продаде топланата. На првиот обид да се продаде Топланата во октомври лани цената на акцијата беше 780 денари.