Научна анализа: Свето Тоевски, самостоен научен истражувач во лингвистиката
Денот 24 мај е Денот на МАКЕДОНСКИТЕ и сесловенски просветители и учители, а не само сесловенски! Кирил и Методиј се браќа – Македонци, родени во Солун, во Егејскиот дел на Македонија, кои станале мисионери на христијанството меѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Поврзано со нив постојат и се одржуваат огромен број научни фалсификати, кои ги создавале и ги создаваат и натаму голем број научници од светот. Но и одредени научници од Република Македонија намерно, или ненамерно пропуштаат, или не сакаат да ги именуваат македонските и сесловенски просветители Константин – Кирил Филозоф (826 – 869) и Методиј Солунски (815 – 885) токму како она што биле – Македонци! Дека светите Македонски браќа Кирил и Методиј својот народен дијалект на мајчиниот македонски јазик од селата Суха, Зарова и Висока, во непосредната околина на Солун, го употребиле и го вградиле како темел на писменоста, богослужбите, на културата и јазикот на сите словенски народи во натамошните векови се до денес.
Сосема намерно многу се почести именувањата на Кирил и Методиј како “сесловенски просветители“ ,солунски браќа“, „грчки византиски мисионери“, „бугарски просветители“, а најмалку е, или многу поретко како македонски просветителски дејци, исклучиво од македонско етничко потекло. Ваквите именувања се широко отворање на вратата за бугарските и грчките негирања на синхронијата и дијахронијата – постоењето во современоста и низ сите три илјадалетија од создавањето – на македонскиот јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет и култура.
Во „Енциклопедијата на христијанската цивилизација“ Пол Хигинс ќе запише: „Византиските грчки светители Кирил и Методиј, ‘апостолите на Словените’, биле браќа родени во Солун…Во нивната младост Кирил и Методиј го научиле течно дијалектот на Словените во околината на Солун и можеле да го зборуваат нивниот јазик течно.“ (Paul Higgins. Encyclopedia of Christian Civilization. Cyril and Methodius, 2011:762)
Наспроти ваквите фалсификати на Хигинс, еден од најголемите светски лингвисти Роман Јакобсон не ги означува Кирил и Методиј како Грци, ниту како Византијци, туку сосема јасно го нагласува нивниот „мајчин македонски дијалект“, односно дека се Македонци: „…словенските апостоли Константин – Кирил и Методиј можеа да го користат својот мајчин македонски дијалект за мисионерска работа во Моравија.“ (Roman Jakobson. Selected Writings.VI, Early Slavic Paths and Crossroads, 1. Comparative Slavic Studies. The Cyrillo-Methodian Tradition, 1985:34).
„Кирил и Методиј: Ниту Грци ниту Бугари – туку Словени“ – ова е насловот на научната статија, која на 10 август 1985 година во американскиот весник „Њујорк Тајмс“ ја објавил бугарско-американскиот историчар д-р Спас. Т.Рајкин, професор по историја на Универзитетот на Источен Страдсбург во Пенсилванија, САД, инаку по етничко потекло бугарски емигрант во САД. Поткрепувајќи се на документарните записи и факти од историјата, Рајкин јасно и гласно аргументира: „Светите Кирил (Константин) и Методиј не биле ниту Грци ниту Бугари. Тие биле Словени од Солун од Македонија. Ова е документиран запис на историјата. Да се расправа надвор од тоа, заради некаква грчка, или бугарска ‘теорија’ е денес само шовинистичка политика. Нивното совршено преведување на словенски јазик (фонетски и лексички) на библиските и литургиските книги од грчки јазик укажува на нивното словенско потекло. ВИСТИНАТА Е ДЕКА СЛОВЕНИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – НАРОДОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ЗАЕДНО СО СЛОВЕНИТЕ ОД ТРАКИЈА И ОД ДУНАВСКАТА РАМНИЦА КОНЕЧНО ЈА ФОРМИРАА БУГАРСКАТА НАЦИЈА!“
Германскиот лингвист д-р Харалд Харман, независен научник, кој предавал лингвистика и културални студии на престижни универзитети во Германија и Јапонија, е дел од серијата врвни светски јазичари, кој, исто така го потврдува македонското етничко потекло на Кирил и Методиј и фактот што тие, како родени говорители на македонскиот дијалект од Солунско, го користеле својот мајчин македонски јазик во преводите на црковните книги од грчки јазик.
Во престижната научна енциклопедија од 1030 страници со наслов „Домородните народи на светот: Eнциклопедија на групи, култури и современи прашања“, објавена во 2015 година, Харалд Харман, покрај другото, нагласува: „Кирил и Методиј беа испратени во Моравија да го проповедаат христијанството. Како признание за нивната мисионерска работа овие свештеници се прославуваат како словенски апостоли. КИРИЛ, РОДЕН КАКО КОНСТАНТИН, БИЛ СИН НА МАЈКА МАКЕДОНКА, А СЛОВЕНСКИОТ МУ БИЛ МАЈЧИН ЈАЗИК. ВО ТОА ВРЕМЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО БЛИЗИНАТА НА СОЛУН ГО ЗБОРУВАЛЕ СЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК..“ (Native Peoples of the World. An Encyclopedia of Groups, Cultures and Contemporary Issues. Harald Haarmann, 2015:288).
Ова се аргументи и констатации на еден археолингвист и врвен светски полиглот: Харалд Харман има течни познавања на дури 9 светски јазици – германски, англиски, француски, италијански, каталански, шпански, португалски, фински и јапонски јазик, а работни познавања на уште 11 јазици – шведски, холандски, естонски, руски, бугарски, српски, романски, старогрчки, латински, окцитански и велшки јазик. Харман го познава и бугарскиот јазик и ја има согледано разликата меѓу него и македонскиот јазик. Неговите ставови за Македонците Кирил и Методиј и за нивниот македонски словенски јазик се во апсолутна смисла несоборливи факти и директна негација на сите бугарски и грчки фалсификати за двајцата македонски и сесловенски просветители и учители Кирил и Методиј.
Наведовме ставови и историски арументи на престижни светски научници, кои изрично ги нагласуваат идентитетската одредница „македонски“ за дијалектот, односно јазикот, што го говореле Кирил и Методиј, како и за нивната етничка припадност. Но, наспроти нив, академик Катица Ќулафкова смета: „…нема оправдување словенските ракописи пред 1100 година да се доопределуваат етнички – како македонски, црковнословенски, бугарски, српски или руски црковнословенски. Фактот што старословенскиот е втемелен врз говорот на македонските Словени не треба да биде покритие за негово ексклузивно присвојување од страна на современите Македонци!“ („Предисторија на кодификацијата на македонскиот книжевен јазик“. Во: „Македонскиот јазик во простор и време“, 2020:22).
Браќата-Македонци Кирил и Методиј го исползувале за целите на својата сесловенска просветителска мисија својот дијалект на мајчиниот македонски јазик, говорен во селата Суха, Висока и Зарово, на едвај десеттина километри од Солун, кој бил тогаш директен наследник и продолжител на античкиот македонски јазик. Македонците биле жители на Солун уште од античките времиња. Во оваа смисла, еве што наведува Мартин Е.Хулд, експерт за индоевропски јазици од Државниот Универзитет во Калифорнија, САД, во својата научна статија, поместена во „Енциклопедијата на индоевропската култура“: „Старословенскиот јазик, литургискиот јазик на Источната ортодоксна црква, е заснован врз солунскиот дијалект на старомакедонскиот јазик, еден од јужнословенските јазици.“ (Mallory James, D.Q.Adams /eds/. Encyclopedia od Indo-European Culture, 1997:301).
Древномакедонскиот јазик на Кирил и Методиј тогаш се наоѓал во почетокот на неговото проткајување со компоненти од јазикот на словенските племиња, кои се населувале на Балканот и кои вршеле опсада, а потоа и ги завладеале Солун и неговата околина. Нема ништо нејасно, ниту противречно кога светските објективни научници споменуваат македонски и словенски јазик во случајот со Кирил и Методиј: овие два јазика пред 1100 години започнале меѓусебно да се проткајуваат, да се развиваат и да се надополнуваат, создавајќи ја основата на денешниот современ македонски јазик. Напоредно со овие развојни процеси на јазичен план, започнале да се одвиваат и постапните еволутивни процеси на етничко мешање, на македонизирање на Словените и словенизирање на античките Македонци, од кои произлегувал и се развивал низ натамошните векови денешниот македонски народ со својот денешен македонски јазик и со сите свои други познати идентитетски обележја.
Македонската лингвистика, поточно науката за македонскиот јазик и македонската историографија имаат јасна и итна национална должност во Македонија и низ светот еднаш засекогаш да се изборат за единственото правилно именување на Кирил и Методиј како македонски и сесловенски просветители. Исто така, наместо пасивна одбрана и дефанзивни позиции наспроти бугарските фалсификати и означувања на Кирил и Методиј како „бугарски просветители“, што веќе задобива белег на највисок идиотизам, игнорирајќи ја науката и историјата, македонските научници мора да да започнат со агресивен и офанзивен настап, со влегување во судир со сите такви бугарски квазинаучници низ сите семожни научни конференции и научни списанија во Европа и светот.
Универзитетскиот професор д-р Митко Панов во интервјуто за „Република“ беше категоричен: „Кирил и Методиј немаат ништо заедничко со Бугарија, ниту ја посетиле, ниту имале некаква реакција со бугарската држава. Нивната дејност била насочена наспроти бугарската држава а во тоа време бугарските владетели биле и пагани.“ Ојаснувајќи го протоколот за историските личности, кој што е договорен од историската комисија, Панов вели дека е тоа класична политизација, нагласувајќи дека „не може да има заедничка историја со Бугарите“ околу Кирил и Методиј.
„Заедничките чествувања“ со Бугарите е само обид за продавање, уште поточно за уништување на засебната македонска национална историја и на Кирил и Методиј, како едни од темелните столбови на македонскиот етнички, државен, јазичен и духовно-црковен идентитет на македонскиот народ.
.
.