Професорката Жаклина Шопова од Клиниката за инфектологија и фебрилни болести не може да се начуди на однесувањето на владата која троши огромни пари за рент а кар возила за странски дипломати а не може да обезбеди лекови за своите болни граѓани.
,,На Ковачевски не му е спорно што МНР ќе потроши речиси 1 милион евра за изнајмување на автомобили за престојниот самит на ОБСЕ!?
Не му е спорно ниту изборот на Халими за директорка на АД Аеродроми на Македонија во државна сопственост!?”, забележува Шопова која ги реди дел од пациентите кои не можат да добијат лекови од власта за своите тешки болести:
Но спорно е и НЕМА пари за :
👉болните со ретки болести
👉 болните со цистична фиброза
👉пациентите со дијабет
👉онколошките пациенти
👉за покачувањето на пензиите
👉за покачување на платата на судската администрација
👉за покачување
на платите на вработените во здравството
👉за превземање на соодветни мерки да се реши тоталниот хаос во образованието
👉за превземање на соодветни мерки за да се спречи уништувањето на земјоделството , сточарството…
Според професорката очигледно е дека оваа влада не работи за народот туку работи за себе и своите интереси.