Примариус доктор Жаклина Попова од скопската Инфективна клиника, институција која го носи најголемиот товар во битката со Ковид 19 тврди дека барањето на директорите на здравствените институции со кои се бара Заев да не ја прифаќа оставката на министерот за здравство се должи на лични лукративни причини со цел тие да останата на директорските места.

“Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното”, вели искусната лекарка и наведува повеќе состојби поради кои таа смета дека Филипче треба да си оди:

1.Велите: Пандемијата трае, болниците се преполни…ЗОШТО!?

Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

1112 пациенти со тешка кл.слика се лекуваат, 30 пациенти се на респираторни (само не кажувате на кои респиратори тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или …),

700 пациенти се на кислородна подршка со маска.ЗОШТО!?

Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претварате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантираното право на сите останати пациенти со други и хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам,бидејќи горе го имате одговорот:

За каков систем зборувате, за кој столб во здравството зборувате? … ако сте тоа вие и Филипче тогаш одамна требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот “Слушај го Венко” кој го користевте/користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои …

Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена. Со што?

*со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот
* со одлевање на здравствени работници, медедицински сестри по приватните болници заради вашата добра здравствена политика…па и со нив се фотографирафте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање!?

Лекарите не ги добија ветените 100 000 денари. Не ги добија 5% на покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте годишните одмори за една година…не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е…

НИЕ : Лекарите, мед.сестри, лаборантите, болничатите, хигиеничарите, сервирките, администрстивните работници како и се што е во сектор здравство иако сме деградирани од ВАС продолживме и сеуште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие…

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!?

Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди Заев-Филипче-Анѓушев !?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјалните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите (можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или слично што ви го обезбедил Филипче), напиша доктор Шопова која нема дилема дека Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ оставката на Филипче за доброто на народот!!!