Најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ се одржува секоја година истовремено во 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти решавајќи предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената.
Во Македонија натпреварот јубилејно се одржува по 10ти пат од 2013 година, во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и со поддршка на домашни институции и компании, како и ментори експерти од индустријата и универзитетски професори, а досега над 1500 млади таленти од нашата земја имаат земено учество.
ТЕРМИНИ: Свеченото отворање на натпреварот е закажано за 30ти септември 2022 година од 12:00 до 14:00 часот кога ќе имаме и тим билдинг активности, а самиот хакатон ќе се одржи на 1ви и 2ри октомври 2022 година од 9:00 до 22:00 часот.
ЛОКАЦИЈА: Netaville, Скопје – најновиот ИТ Хаб на компанијата за развој на софтвер Netcetera Macedonia. Учесниците и едукаторите кои нема да можат да се приклучат со учество во живо ќе можат да ни се придружат оналајн преку платформа за соработка.
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСНИЦИ: За да се квалификувате за главната награда на национално ниво: „Патување во NASA Kennedy Space центарот за 2 члена од победничкиот тим“, пријавувањето направете го кај националните организатори на https://bit.ly/NASASpaceAppsMKD
Потоа задолжително пријавете го вашиот тим и на официјалната страна на натпреварот каде може да го одредите и вашиот предизвик со што ќе влезете во конкуренција и за глобалните награди https://2022.spaceappschallenge.org/locations/skopje/event
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НАСТАВНИЦИ/ПРОФЕСОРИ/МЕНТОРИ: https://bit.ly/STEMSpaceEducators
Менторот на победничкиот тим исто ќе може да патува во NASA Kennedy Space центарот во САД, за повеќе информации отворете ја формата за пријавување.
ПРЕДИЗВИЦИ: За овогодинешното издание на NASA Space Apps Challenge (2022) можете да изберете еден од прикажаните 22 предизвици. Деталите може да ги разгледате на: https://2022.spaceappschallenge.org/challenges/
MEET-UP: 27 септември 2022 година (среда) за да може да им поставите прашања на оргнизаторите, минтатогодишните учесници и менторите. Линк за учество ќе може да најдете на веб страната https://www.facebook.com/NASASpaceAppsMKD
Повеќе информации за патувањето на минатогодишните победници во САД прочитајте лично од нив на https://www.slobodnaevropa.mk/a/32034924.html
Пријави се уште денес и обиди се и ти!
Среќно!