„Врба“ на Манчевски отпадна од трката за Оскар

Филмот „Врба“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски отпадна од трката за Оскар за странски филм. Иако неговиот филм „Пред дождот“ во 1995 ѝ ја донесе на Македонија првата номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Лани документарецот „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубо Стефанов беше првиот филм во историјата на Оскарите кој доби номинации и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.