Фирмата „Тео агро“ ДООЕЛ увоз-извоз има долг од 1,1 милион евра кон Еуростандард банка и не вратила ниту еден денар 589 дена или неполни две години. Долгот на фирмата датира од 2017 година, а заложената хипотека е работилница и стари помошни простории на поранешниот земјоделски комбинат „Лозар“ и столбна трафостаница на користење,  со проценета вредност од околу 370 илјади евра, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетените штедачи од Еуродтандард банката Правда за штедачи…

„Фирмата е основана во јануари 2007 година со седиште во општина Чашка, со непаричен влог од 16,5 илјади евра и со дејност одгледување на посеви. Депонент е на Комерцијална банка. Се работи за микро фирма која имала 1 до 2 вработени, објави МКД.Мк.

Ова е само еден пример, посочуваат оштетените штедачи од Еуростандард Банка.

Тие прашуваат „како е можно да биде одобрен милионски кредит на фирма со вакви перформанси“ и бараат „…сопствениците на фирми должници кои до сега ги објавивме да ги вратат нашите земени пари“.