Секакви ветувања од кандидатите на овие локални избори во обидот да се добијат гласовите го граѓаните.

Жители на општина Брвеница тврдат дека кандидат за градоначалник на членови на повеќе семејства им ветувал дека преку финансиер на кампањата ќе вработува млади луѓе во казино.

Казиното според верувањата ќе биде отворено во селото Теново општина Брвеница.

Меѓу вработувањата се ветувале работни позиции крупиеи, делачи на карти, работници на рулет и обезбедување.

Жителите тврдат дека земјиштето за новото Казино во Теново веќе било продадено на финансиер на една од кампањите и дека тоа ќе било отворено најдоцна до нова година.