Вработила ли СДСМ кандидат за пратеник во Агенцијата за национална безбедност?! (ВИДЕО)

Извори во Агенцијата за национална безбедност неофицијално тврдат дека во оваа важна алка на македонската безбедност е вработен кандидат за пратеник на СДСМ на последните парламентарни избори.

Според изворите се работи за Гостиварецот Драгољуб Филиповски Даци чие прво вработување на 43 години е во АНБ.

Доколку информацијата биде потврдена вработувањето на Филипивски е спротивно на Законот за АНБ кој забранува вработување на партиски членови и активисти особено ако биле кандидати за висока партиска функција како пратеници.

Едно од барањата на ЕУ при носење на овој закон е луѓето во неа да не бидат партиски активисти со цел да се добие професионална безбедносна структура.

Шефот на АНБ Викторио Димоски ниту агенцијата се уште не реагираат за информациите дека вработила докажани партиски функционери, конкретно кандидат за пратеник со реден број 5 на листата на СДСМ во Изборната Единица 6.

Членот на СДСМ со прекар Даци стана познат во јавноста откако на партиски настан рече дека неговата партија не може подобро и повеќе.