Бугарскиот бизнисмен д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска меморија“ која е активна во зачувувањето на бугарските заедници во странство има нова иницијатива: „Каде е Бугарија“, која не е поврзана само со Бугарите во Македонија, туку воопшто со Бугарите во странство, објави БГНЕС.
Тој ѝ замерува на бугарската држава дека не води доволна грижа за ова:
„Ги исппуштивме големите прашања како недостаток на бугарско училиште во повеќемилионската Одеса, каде што има повеќе од половина милион Бугари заедно со мешани бракови.
Во Албанија ќе има попис, а во моментов има и во РСМ. Само затоа што инвестирам во бугарско здружение во Битола, во моментов се преброени околу 5.000 Бугари во овој град, што е неверојатен успех во последните 7 децении.
Го имаме сега затоа што тесно соработуваме со локално бугарско здружение, кое сака да ги потсети сите таму дека се Бугари. Ова е исто така дел од европскиот процес на поврзување, интеграција, толеранција и меѓусебно признавање“, вели д-р Врабевски.
БГНЕС потсетува дека од најважните активности на неговата фондација е реставрацијата и одржувањето на бугарските споменици во странство. Најпознат од нив е спомен обележјето во Ново Село, РС Македонија.
