Српски Курир објави дека инцидентот се случил во приватна вила на островот Лефкада. Според изјавата на сопственик на едно од возилата, 38-годишниот Марко Тодорчевиќ од Белград, пожарот бил подметнат. Трите возила биле паркирани едно до друго.
„Дојдовме на Лефкада на 31 јули и сѐ беше одлично. Но на 9 август не разбуди сопственикот на вилата во која престојувавме. Го видовме пожарот и беше страшно“, вели Тодорчевиќ за српски Курир.
Сопствениците на опожарените автомобили дале изјава во полициска станица и веќе со автобус се вратени во нивните земји.
„Страшно е ова што се случи и се сомневаме дека пожарот е подметнат. Но, за жал, немаме на кого да се обратиме. Нивната полиција ни рече дека такви работи се случуваат“коментира Србинот кој додава дека се исплашиле за нивната безбедност.
