Министерката за одбрана Славјанка Петровска се нашла во близина кога синоќа околу 20 часот на булевар „Кочо Рацин“ во близина на скопската гимназија „Корчагин“ во пожар целосно изгоре автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.
Во изјава за „А1он“ Петровска потврдила дека го забележала настанот, но таа негира дека била загрозена нејзината безбедност.
„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и, колку што знам, нема повредени, возачот на возилото е добар“, истакнала Петровска за “А1он”.
Според МВР возилото управувано од двесетиедногодишниот Т.С. се запалило додека тој управувал со него. Од под хаубата почнало да излегува чад, а потоа за кратко време возилото целосно изгорело, се вели во извештајот на полициските службеници.
