Возач на возило со флешери попладнево се спасил од апсење откако бил направен неуспешен обид да биде запрен на Качанички пат кој води кон границата со Косово.

Откако полициска патрола се обидела да го запре тој не запрел по предупредувањето од полициската патрола туку продолжил без да застане по што почнала бркотница во која учествувале повеќе возила.

Бегалецот на возилото со вградени полициски сигнални уреди таканаречени флешери подоцна бил запрен од полициски службеници кои влегле во опасност да бидат поведени во бркотницата.

Откако бил запрен во бркотница возачот тој бил пуштен од полицајците кои известиле дека се работи за владино возило.

Зошто возачот со возилото за кое полициски службеници известиле дека е владино не запрело не е јасно а не се знае ниту дали возачот бил на работна задача или го возел владиното возило за приватни цели.

Изворите кои информираат за инцидентот не можат да кажат дали додека возачот бегал исфрлил некакви материи од возилото што е една од причините поради кои возачот не застанал на полициската проверка.

Возачот од непознати причини не е приведен ниту однесен во полициска станица.

Дилема на денот

Имаме ли право да се чудиме што синот на Талат положил правосуден испит уште додека бил студент?