Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн беше принудена да ја одложи својата венчавка откако ја стави целата земја на највисоко ниво на ограничувања за СОВИД-19.
Таа го објави ова откако беа откриени девет случаи на варијантата Омикрон во едно семејство кое полета за Окленд претходно овој месец.
Од понеделник, Новозеланѓаните ќе се соочат со строги ограничувања за коронавирусот, а самата премиерка беше принудена да ја одложи својата венчавка со долгогодишниот партнер Кларк Гејфорд.
@Мојата венчавка нема да се одржи – им рекла на новинарите – „Таков е животот“.
Премиерката рече дека не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.
